Будистичка уметност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Будистичката уметност потекнува од Индија следејќи го историскиот живот на Сидарта Гаутама, од 6-5 век п.н.е., и се развивала во контакт со другите култури ширејќи се низ Азија и светот.
Се развивала на север кон Средна Азија и во Источна Азија, создавајќи ја северната гранка на будистичката уметност и источно сè до Југоисточна Азија, создавајќи ја јужната гранка на будистичката уметност. Во Индија, будистичката уметност цветала и влијаела врз развојот на Хиндуистичката уметност, сè дури будизмот речиси не исчезнал во Индија околу 10. век, делумно поради силната експанзија на исламот, како и на хиндуизмот.