Б’ндерички Езера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Б’ндеричките Езера или Б’ндеришки Езера ― голема група езера во планината Пирин, Пиринскиот дел на Македонија, Бугарија. Тие се наоѓаат во б’ндеричката долина и го означуваат почетокот на реката Б’ндерица. Има 17 езера во сите, но само 5 имаат имиња. Тие се леднички езера создадени на гранитна основа со вкупна површина од 126,7 декари. Температурата на водата во јули е од 10 до 12°С.