Ван Морисон
музичар од Северна Ирска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ван Морисон (анг: Van Morrison ; роден како Џорџ Ајван Морисон (George Ivan Morrison) на 31 август 1945)[2] — пејач, музичар и текстописец од Северна Ирска.
Ван Морисон | |
---|---|
Морисон на настап во 2015 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џорџ Ајван Морисон |
Познат(а) и како | Van the Man
Каубојот од Белфаст (The Belfast Cowboy) Лавот од Белфаст (The Belfast Lion) |
Роден(а) | 31 август 1945(1945-08-31) (78 г.) Белфаст, Северна Ирска |
Жанрови |
|
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1958–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | vanmorrison.com |
Морисон својата кариера ја започнал во 1950-тите, кога уште како тинејџер свирел на различни инструменти, како гитара, хармоника, клавијатури и саксофон во различни ирски шоугрупи кои ги пееле популарните хитови од тоа време. Неговите обожаватели го нарекуваат „Van the Man“.[3] Својата популарност Морисон ја стекнал кон средината на 1960-тите како фронтмен на северноирската ритам и блуз група Them, со која ја напишал и отпеал песната „Gloria“, која се смета за една од класиците на гаражниот рок.
Својата соло кариера ја започнал во 1967 година. Под водство на менаџерот Берт Бернс го објавил неговиот прв сингл „Brown Eyed Girl“ кој веднаш станал хит. По смртта на Бернс, Warner Bros. Records го откупил неговиот договор и на Морисон му дозволил три сесии за да го сними албумот Astral Weeks (1968).[4] Иако на почетокот слабо се продавал, албумот денес се смета за класика. [5] Со албумот Moondance (1970) Морисон веќе почнал да се вбројува меѓу истакнатите уметници,[6] а својата репутација ја надоградувал во текот на 1970-тите со низа пофалени албуми и многу настапи во живо.
Музиката на Морисон најчесто ги следи стандардите на соул музиката и раниот ритам и блуз. Подеднаков дел од неговиот музички каталог се состои од долги, духовно инспирирани музички патувања во кои се чувствува влијанието на келтската традиција, џезот и наративот за текот на свеста, што најмногу е изразено во албумот Astral Weeks.[7] [8] Комбинацијата на овие две струни понекогаш се нарекува „Келтска душа“,[9] а неговата музика се опишува како постигнување на „еден вид насилна трансценденција“.[10]
Албумите на Морисон добро котирале во Ирска и во Обединетото Кралство. Над 40 негови песни се нашле на британската топ-40 листа. Во четири последователни децении неговите албуми се пласирале во топ-10 листата за албуми во ОК.[11] Осумнаесет негови албуми се пласирале во топ-40 во САД, дванаесет од нив во периодот од 1997 до 2017 година.[12] И откако наполнил 70 години во 2015 година, тој издава – во просек – повеќе од еден албум годишно.
Морисон има добиено две Греми награди,[13] Британска музичка награда за исклучителен придонес во музиката во 1994 година, како текстописец во 2017 година ја добил Наградата за животно дело во музиката од Американа, а примен е и во Куќата на славата на рокенролот и во Куќата на славата на текстописците. Во 2016 година, за придонесите за музичката индустрија и туризмот во Северна Ирска бил прогласен за витез.[14] [15]