Велушко-породинска култура
археолошка култура во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Велушко-породинска култура (или Велуша-Породин) — археолошка култура во Македонија од неолитско време. Настанала околу 5500 г. п.н.е. и се состои од 4 фази (Велуша-Породин I до IV). Името на културата доаѓа од две важни наоѓалишта — Велушката и Породинската Тумба, сместени во поречието на Црна Река.[1]
Реконструираната населба Тумба во скопско Маџари е направена врз основа на археолошките остатоци на тој терен, по урнек на културите Анзабегово-Вршник и Велуша-Породин.[2]
Живеалиштата од Велушко-породинската култура се четириаголни во основа. Ѕидовите се од керпич, а подот е покриен со глина. Од културата се пронајдени помал број орудија, изработени од коска, и сосем малку од камен. Погребните обреди се многу слабо проучени. Керамиката има претежно топчест облик со издолжено грло, обоена црвено и украсена со триаголни мотиви од бела боја. Од оваа култура се присутни и статуетки на Божицата мајка. Велушко-породинската култура е карактеристична по изработката на различни фигурки со издолжени вратови, понекогаш во седната положба.[1]
Фазата I се одликува со садови на ногаркии украси во облик на бројот „3“, кои се среќаваат и во фазата II. Работиве и круговите им се својствени на фазите III и IV. Фазата IV се одликува со глинени мотиви, залепени на ѕидовите. Ликовите на Божицата-мајка често се изработувале во фазата III.[1]