Вермут
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вермут — посебно ароматизиран пијалак којшто се произведува од вино (винскиот дел не би требал да биде помал од 60 %), екстракти од ароматични треви (најчесто пелин), алкохол и шеќер. Вермут е вид на вино во кое се додаваат билки за да се подобри вкусот на виното. Во себе има помеѓу 15 и 18 % алкохол. Се користи како состојка на различни коктели, но и како замена за бело вино во кулинарството.