Византија под Арапската династија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Византиското Царство од страна на Арапската или Никифоровата династија била управувана во периодот од 802 година со назначувањето на Никифор I за цар а завршило во 813 по крајот на владеењето на Михаил I Рангабе.
Кратки факти
Византиско Царство | |||||
Βασιλεία Ῥωμαίων | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Главен град | Цариград | ||||
Јазици | грчки | ||||
Уредување | автократија | ||||
Историја | |||||
- | стапување на престолот на Никифор I | 802 | |||
- | абдикцијата на Михаил I Рангабе |
813 | |||
Затвори
Династијата започнала да управува по симнувањето од престолот на Ирина. Династијата е позната според нејзиниот основач Никифор I. Во текот на настаните, Византија се соочувала со големи проблеми околу зачувување на својата граница како и елиминирање на внатрешните конфликти.
Византија речиси постојано била во конфликти во текот на Никифоровата ера. Самиот Никифор починал во битка против Бугарите. Од друга страна, во западните земји започнала ерата на Карло Велики, кој станал свет римски цар прогласен од римскиот папа.