Википедија:МакСтатБаза
From Wikipedia, the free encyclopedia
МакСтатБаза — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик. Проектот има за цел искористување на достапната база на податоци објавена од страна на Државниот завод за статистика на Македонија и создавање нов материјал во статиите на Википедија на македонски јазик преку достапните алатки во вид на табели, графикони и други средства на прикажување на податоците.
Преку оваа база на податоци се планира подобрување на постоечките статии со добивање на квалитетни податоци и приказ на истите во пасусите на статии кои веќе постојат. Почетокот на проектот го означи објавување на базата на податоци за сите спроведени пописи на населението во Македонија, со што се создадоа услови за спроведување посеопфатен проект за вметнување на овие податоци во статиите за градовите низ Македонија по еден унифициран облик.
Проектот започнал да се спроведува во 2016 година, а покрај искористувањето на податоците од пописите, базата нуди бројни други податоци.