Википедија:Услови на употреба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Услови на употреба
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор. |
|
Услови на употреба Ова е краток преглед на Условите на употреба наменет за информирање на корисниците Одрекнување: Овој краток преглед не е дел од самите Услови на употреба и не претставува правен документ. Ова е само едно прирачно помагало што треба да даде претстава за целосните услови. Може да се сфати како полесно разбирлива варијанта на нашите Услови за употреба. Дел од нашата задача е да ги:
|
Замислете си свет каде секој би можел да има удел во слободниот и целосен пристап кон севкупното човеково знаење. Кон тоа се стремиме. – Изјава за нашата визија
Добредојдовте на Викимедија! Фондацијата Викимедија („ние“, „нас“) е непрофитна добротворна организација чија мисија е да го оспособи луѓето ширум светот да собираат и разработуваат содржини под слободна лиценца или во јавна сопственост, и успешно да ги распространуваат истите глобално и бесплатно.
Како поддршка за нашата раздвижена заедница, ние ја овозможуваме основната инфраструктура и организациските рамки за развојот на повеќејазичните википроекти и нивните изданија (како што е објаснето тука) како и другите потфати во прилог на нашата мисија. Се стремиме да создаваме образовни и информативни содржини на Проектите, и истите да се нудат бесплатно, засекогаш.
Ви пожелуваме добредојде („вам“, „вие“, „корисникот“) како читател, уредник, автор или учесник на Викимедиините проекти, и ви препорачуваме да се приклучите кон заедницата на Викимедија. Меѓутоа, пред да почнете со учество, би побарале да ги прочитате и да се согласите со следниве Услови на употреба („Услови на употреба“).