Виктор Луј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Виктор Луј (фр. Victor Louis; 10 мај 1731 – 2 јули 1800) — француски архитект, добитник на Римската награда во 1755 г.
Меѓу позначајните негови дела се вбројува Големиот театар во Бордо (1780)[1] и галериите на дворецот Пале-Ројал во Париз. Неговата полна биографија е објавена во 1881 во Бордо.[2] Во 1770 се оженил со Мари-Емануел Беон, пијанистка и композитор[3].