Вилијам Фокнер
американски писател (1897-1962) / From Wikipedia, the free encyclopedia
корицата на првото издание.
Вилијам Фокнер | |
---|---|
Роден/а | Вилијам Катберт Фокнер септември 25, 1897(1897-09-25) Њу Албани, Мисисипи |
Починат/а | јули 6, 1962(1962-07-06) (возр. 64) Бихалија, Мисисипи |
Јазик | Англиски |
Националност | САД |
Период | 1919–1962 |
Значајни дела | Звукот на бесот Додека лежев умирајќи Светлина во август Авсалом, Авсалом! Роза за Емили |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 1949 Пулицерова награда 1955, 1963 |
Сопруг/а | Естел Олдам (1929–1962) |
Потпис |
Вилијам Фокнер (англиски: William Faulkner) (25 септември 1897 – 6 јули 1962 ) — американски писател, добитник на Нобеловата награда. Роден во Мисисипи, САД се смета за еден од највлијателните писатели на почетокот на XX век. Фокнер е познат по тоа што користи долги, извиткани реченици и уредно одбрана дикција што е во целосен контраст на минималистичкиот стил на неговиот соперник Ернест Хемингвеј. Некои сметаат дека Фокнер е единствениот американски модернист кој ја следи експерименталната традиција на европските писатели како што се Џејмс Џојс, Вирџинија Вулф, Марсел Пруст и Томас Ман. Неговите дела се познати како романи на тек на свеста, со неколку раскажувачи и повеќе точки на гледање како и временски смени.