Вис (остров)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вис (старогрчки: Ἴσσα; латински: Issa, италијански: Lissa) е мал хрватски остров во Јадранското Море. Тој е најодалечен населен остров од хрватското крајбрежје, и е одвоен од копното 45 километри.
Сателитска слика на Вис и Бишево | |
Географија | |
---|---|
Место | Јадранско Море |
Координати | 43°02′N 16°09′E |
Површина | 89,72 км2 |
Највисоко издигнување | 587 м |
Највисока точка | Хум |
Управување | |
Хрватска | |
Жупанија | Сплитско-далматинска |
Најголема населба | Вис (pop. 1,920) |
Демографија | |
Население | 3,460 (2011) |
Површината на островот изнесува 89,72 км2. До островот има редовна бродска линија од Сплит два до четири пати дневно, а во летниот период има линија и до Анкона во Италија.
Вкупната должина на брегот на Вис изнесува 84,9 км.
Околу островот има повеќе мали острови, островчиња и гребени (Бишево, Будиковац, Брусник, Јабука, Равник, Светац и др.).
Највисока точка на островот е Хум која се наоѓа на 587 m надморска височина. Двете најголеми населени места на островот се градот Вис, на источната страна (според кој островот го добил името), и Комижа, на западниот брег.