Воздушна маса
From Wikipedia, the free encyclopedia
Воздушна маса е количество воздух со еднобразни својства. Различните воздушни маси се допираат и меѓусебно дејствуваат по должина на границите наречени фронтови. Постои голема поврзаност меѓу воздушните маси и обрасците на воздух што циркулираат, тоа е наречено состав на притисокот. Топлите воздушни маси се поврзуваат со составите на низок притисок а студените - со составите со висок атмосферски притисок.
Во текот на годината се менува распоредот на воздушните маси и составите на притисок, а тие измени може да имаат големо влијание врз времето. На пример, континенталниот воздух лете е топол, па предизвикува низок притисок над копното а зиме е студен и предизвикува појава на висок атмосферски притисок. Воздушната маса е количество воздух што го покрива најголемиот дел од еден континент или океан и добива особености од површината под неа. Воздухот над континентот ќе биде посув од воздухот над океанот, па на континентот ќе биде топло преку лето а поладно зиме. Сето ова се случува поради различната брзина на загревање и ладење на копното и морето. Кога ќе ги добие тие особености воздухот ја создава воздушната маса. Воздушните маси се шират од површината па сè до тропопаузата.