Волшебник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Волшебник е човек кој користи или практикува магија, натприродни или окултни извори.[1] Волшебниците често се среќаваат во литературата која се смета за фантазија, а нивните одлики се припишуваат на историски личности или ликови од митологијата, легендите, и фолклорот.
Волшебниците имаат моќи кои доаѓаат од нивното знаење, а не се само вродени таленти кои се спонтано откриени. Сепак, повеќето волшебници во фантастичните книжевни дела се претставени како луѓе кои имале вроден талент да го научат она што другите не можеле да го научат - магијата.
Низ приказните, волшебниците се појавуваат како добри или лоши, но најчесто како советници или херои.
Некои модерни волшебници, како Алистер Кроули и следбениците на традицијата на Херметичкиот ред „Златна зора“ и Ordo Templi Orientis, магијата ја објаснуваат со дефиниции, постулати и теореми.[2]
Понови изрази за „волшебник“ се изразите маг и магус. Волшебништвото во некои култури се поврзува со употреба на црна магија или привикување духови, а постојат и различни имиња за различните степени на знаењето што се користи.