Вработена девојка (филм)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вработена девојка - (англиски: Working Girl) - американски филм од 1988 година, во режија на Мајк Николс. Главните улоги ги играат: Харисон Форд, Мелани Грифит, Сигурни Вивер и Џон Кузак. Во 1989 година, филмот освоил еден „Оскар“ во категоријата „најдобра музичка нумера“, а имал уште пет номинации. Истата година, филмот освоил четири награди „Златен глобус“, и тоа за: најдобар филм - комедија/музички филм, најдобра глумица (Грифит), најдобра споредна глумица (Вивер) и најдобра музичка нумера. Најпосле, филмот се закитил и со наградата „Греми“ за најдобра филмска песна.[1]