Врвен кварк
вид кварк / From Wikipedia, the free encyclopedia
Врвен кварк, вистинит кварк или t-кварк (симб. t, од анг. top или truth) — најмасивната од сите познати елементарни честички. Како и сите кваркови, врвниот кварк е елементарен фермион со спин од 12, и подлежи на сите четири основни заемодејства: гравитацијата, електромагнетизмот, слабото и силното заемодејство. Има електричен полнеж од +23 e,[2] и голема маса од 172,44 ± 0,13 (стат) ± 0,47 (сист) GeV/c2,[1] приближно иста како атом на волфрамот. Античестичка на врвниот кварк е врвниот антикварк (симб. t), кој се разликува од него само по тоа што неговите својства имаат еднаква величина, но спротивен знак.
Судир на врвен кварк со врвен антикварк | |
Состав | елементарна честичка |
---|---|
Статистика | фермионска |
Поколение | трето |
Заемодејства | силно, слабо, електромагнетизам, гравитација |
Симбол | t |
Античестичка | врвен антикварк ( t ) |
Предвиденна | Макото Кобајаши и Тошихиде Маскава (1973) |
Откриена | соработки CDF и DØ (1995) |
Маса | 172,44 ± 0,13 (стат) ± 0,47 (сист) GeV/c2[1] |
Се распаѓа на | длабински кварк (99,8%) чуден кварк (0,17%) долен кварк (0,007%) |
Ел. полнеж | +23 e |
Боен полнеж | да |
Спин | 12 |
Врвност | 1 |
Слаб изоспин | Л: +12, Д: 0 |
Слаб хиперполнеж | Л: +13, Д: +43 |
Врвниот кварк дејствува претежно преку силното заемодејство, но може да се распаѓа и преку слабата сила. Се распаѓа на еден W-бозон и еден длабински кварк (најчесто), еден чуден кварк или (најретко), еден долен кварк. Според стандардниот модел, неговиот среден животен е приближно 5⋅10-25 с.[3] Ова е една дваесетина од векот на силните заемодејства, и затоа не образува хадрони, давајќи им на физичарите единствена можност да изучуваат „гол“ кварк (сите други кваркови се хадронизираат, т.е. се здружуваат со други кваркови, образувајќи хадрони, и можат да се набљудуваат само како такви). Поради големата масивност, својствата на врвниот кварк даваат прилика да се предвиди масата на Хигсовиот бозон по извесни дополнувања на стандардниот модел. Затоа, овој кварк е од голема корист при разлачувањето на разните конкурентни теории.
Неговото постоење (заедно со постоењето на длабинскиот кварк) е првпат претпоставено во 1973 г. од јапонските физичари Макото Кобајаши и Тошихиде Маскава за да се објаснат забележаните нарушувања во полнежната парност (CP-нарушувања) при распадот на каонот,[4] а опитно е откриен во 1995 г. со судирачите CDF[5] и DØ[6] во Фермилаб. Кобајаши и Маскава во 2008 г. ја добиле Нобеловата награда за физика за предвидувањето на врвниот и длабинскиот кварк, кои заедно го сочинуваат третото поколение на кваркови.[7]