Временска рамка на мировните мисии на Обединетите Нации
From Wikipedia, the free encyclopedia
Обединетите нации одобриле 71 мировна операција заклучно со април 2018 година. Овие не вклучуваат интервенции овластени од ООН како Корејската војна и Заливската војна. Во 90-тите години на минатиот век се случиле најмногу мировни операции на ООН досега. Мировните операции ги надгледувал Одделот за мировни операции и имаат некои заеднички одлики, имено вклучување на воена или полициска компонента, честопати со овластување за употреба на сила според Поглавје VII од Повелбата на Обединетите нации. Мировните операции се разликуваат од специјалните политички мисии (SPM), кои ги надгледува Одделот за политички работи (DPA). Специјалните политички мисии не се вклучени во табелите подолу.