Вуелта а Еспања 2012 - етапа 1 до етапа 11
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вуелта а Еспања 2012 започнала на 18 август, а етапата 11 ќе се случи на 29 август. Изданието во 2012 започнало со екипен хронометар - каде сите членови на екипата започнале заедно да возат на патеката во борба против часовникот - во Памплона, Навара и трката ќе остане во Шпанија, с до завршницата на осмата етапа, кога се оди на врвот Колада де ла Галина во Андора. По деветтата етапа следува првиот ден за одмор и се од Барселона до Пуентеареас; друмската етапа е следена од единствениот поединечен хронометар на трката, кога секој член на екипата ќе вози сам на патеката во борба со часовникот.
Мовистар Тим биле победници на воведниот екипен хронометар, забележувајќи време за десет секунди побрзо од другите екипи; нивниот прв возач кој ја поминал целта, Џонатан Кастровјехо, станал првиот водач на трката. Го одржал неговото водство на првата друмска етапа следниот ден - првата од четирите етапни победи за германскиот спринтер Џон Дегенколб, кој исто така победи на етапите 5, 7 и 10 – но го загубил водството на првата етапа со завршница на нагорнина на етапата. Меѓутоа црвената маичка останала во рамките на екипата, бидејќи Алехандро Валверде избил во генералниот пласман откако го победил Хоаким Родригес со фотофиниш на крајот на етапата. Валверде го изгубил водството следниот ден, откако учествувал во пад со неколку други членови од неговата екипа, додека темпото на групата било зголемено од екипата Тим Скај. Како последица, Валверде ги обвинил Тим Скај, додека неговиот тимски менаџер водел расправии со членовите на екипата Тим Скај. Потоа Родригес го преземал водството на трката, но држел мала предност од една секунда пред Крис Фрум.
Немало никакви промени во пласманот до втората завршница на нагорнина на шестата етапа, кога Родригес и Фрум биле двајцата кандидати за етапна победа. Фрум нападнал, но го следел Родригес, кој со вториот напад се одвоил од Фрум и се временските бонуси на целта, го зголемил своето водство за десет секунди. Во Андора, повторно борба меѓу главните соперници за трката; едно време, Алберто Контадор нападнал на чело на групата и држел предност од десет секунди – гледајќи кон неговата прва победа по неговото враќање по завршувањето на суспензијата – пред да ја намали брзината и Валверде и Родригес да го победат на целта, додека Фрум доцнел многу зад нив. Родригес додал нови дваесет секунди предност на неговото водство следниот ден, откако нападнал на последното искачување и неговата предност од околу една мунута пред поединечниот хронометар било сосема доволна за него да го одржи водството по етапата; го имал седмото најбрзо време на етапата и ја зачувал црвената маичка, со само една секунда пред Контадор, кој го поместил Фрум во пласманот. Како последица на тоа, Родригес имал уште шанса за победа на трката во втората половина на Вуелта, каде имало повеќе планински етапи.
Легенда[N 1] | |||
---|---|---|---|
Го означува предводникот во генералниот пласман | Го означува предводникот во планинскиот пласман | ||
Го означува предводникот во бодовниот пласман | Го означува предводникот во комбинираниот пласман | ||
Го означува возачот, кој е одреден како најборбен на денот | и.в. | Возачот кој ја поминал целта во иста група како оној кој го добил времето над него и затоа му се доделува истото завршно време. |