Галатија (римска провинција)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Галатија е името на провинцијата на Римската Империја во Анадолија (денешна средишна Турција). Основана била од првиот император Август (самостојно владеел 30 п.н.е. - 14 н.е.), во 25 п.н.е., опфаќајќи го поголемиот дел од некогашната независна Келтска Галатија, со главен град на Анкира.
Provincia Galatia Ἐπαρχία Γαλατίας | |||||
Провинција на Римската Империја | |||||
| |||||
Главен град | Анкира | ||||
Историски период | Антика | ||||
- | Припојување од Октавијан Август | 25 п.н.е. | |||
- | Тема Тракија воспоставена | 7 век | |||
Денес во | Турција |
Според тетрархиските реформи на Диоклецијан, нејзините северни и јужни делови биле поделени за да го створат јужниот дел на провинцијата Пафлагонија и провинцијата Ликаонија, редоследно.
Во ок. 398 година, за време на владеењето на Аркадиј, таа била поделена на провинциите Прва Галатија (Галатија Прима) и Втора Галатија (Галатија Секунда) или Салутарис. Прва Галатија го покривала североисточниот дел на старата провинција, задржувајќи ја Анкира како главен град и била водена од конзулар. Салутарис ја сочинувала југозападната половина од старата провинција и била предводена од пресиди, со седиште во Песинунт. И двете провинции биле дел од Диецезата Понт. Провинциите биле кратко обединети во 536-548 година под Јустинијан I. Иако подрачјето на крајот било вметнато во новата тема Анадолија во втората половина на VII век, трагите од старата провинциска администрација преживеала до почетокот на 8 век.