Геофизика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Геофизика — една од природните науки која се занимава со физичките процеси и физичките својства на Земјата и непосредната животна средина, како и за употреба на квантитативни методи за нивна анализа. Поимот геофизика понекогаш се однесува само за геолошките примени: Земјиниот облик, гравитациските и магнетните полиња,Земјината градба и состав, Земјината динамика и изгледеот на тектонските плочи, изливот на магмата, вулканизмот и создавањето на карпите.[1] Сепак, современата геофизика користи поширока дефиниција која ги вклучува: кружниот тек на водата, (вклучувајќи снег и мраз), хидродинамиката на океаните и атмосферата, електрицитетот и магнетизмот во јоносферата и магнетосферата, како и сончево-земјените односи и сличните проблеми поврзани со Месечината и другите планетите.[1][2][3]
Иако геофизиката беше призната како посебна наука во XIX век, нејзините корени датираат од античките времиња. Првите магнетните компаси биле направени од магнетит, но современиот магнетен компас има важна улога во морската навигација. Првиот сеизмички инструмент била осмислен во 132 година п.н.е. Исак Њутн ја применил својата теорија за механиката и плимата и осеката и прецесијата на рамнодневницата, по што биле развиени инструменти за мерење на Земјиниот облик, густина и гравитациското поле, како и деловите на кружниот тек на водата. Во XX век, развиени се геофизички методи за посредно изучување на Земјата и океаните, со што геофизиката одигра важна улога во развојот на теоријата за тектонските плочи.
Геофизиката се применува за општествените потреби, како што се: минералните ресурси, справувањето со природните непогоди и заштитата на животната средина.[2] Геофизичките истражувања и податоците добиени од нив се користат за анализа на можните нафтени басени и минерални наоѓалишта, да се изнајдат подземните води подземните води, да се изнајдат археолошки наоѓалишта, да се определи дебелината на ледниците и почвите и да се проценат местата за еколошко опоравување.