Голем хадронски судирач
From Wikipedia, the free encyclopedia
Големиот хадронски судирач или ГХС (англ. Large Hadron Collider, LHC) — најголемиот и највисокоенергетскиот забрзувач на честички во светот, со цена на чинење од 9 милијарди американски долари[1]. Се очекува дека најосновните прашања во физиката, значително подобрувајќи ги нашите сознанија за најисконските законитости на природата.
Опити на ГХС (LHC) | |
---|---|
ATLAS | Тороиден ГХС-строј |
CMS | Компактен мионски соленоид |
LHCb | ГХС-убавина |
ALICE | Голем јонски судирач |
TOTEM | Целосен напречен пресек, еластично распрснување и раздвојување со прекршување |
LHCf | ГХС-напред |
MoEDAL | Еднополен и егзотичен детектор на ГХС |
Предзабрзувачи на ГХС | |
p и Pb | Линеарни забрзувачи за протони (Linac 2) и олово (Linac 3) |
(неозначен) | Протонски синхротронски засилувач |
PS | Протонски синхротрон |
SPS | Супер протонски синхротрон |
ГХС е сместен во тунел со обиколка од 27 км, 175 м под француско-швајцарската граница близу Женева. Овој синхротрон е направен да судира спротивни снопови од протони при енергија од 7 тераелектронволти (1,12 микроџули) по честичка, или јадра на олово при енергија од 574 TeV (92,0 µJ) по јадро.[2][3] Поимот „хадрон“ се однесува на честички составени од кваркови.
Големиот хадронски судирач е изграден од Европската организација за јадрено истражување (CERN) со намера да испробува разни предвидувања и претпоставки во високоенергетската физика, вклучувајќи го постоењето на Хигсовиот бозон[4] и големото семејство од нови честички кое го предвидува суперсиметријата.[5] Финансирањето и изработката е плод на соработка помеѓу 10.000 научници и инженери од над 100 земји и стотици универзитети и лаборатории.[6]
Работата на машината почнала на 10 септември 2008 со првите кружења на протонските снопови во главниот прстен на ГХС,[7] но по 9 дена работата е запрена заради тежок дефект.[8] Работата продолжила на 20 ноември 2009,[9] и првиот судар е забележан по 3 дена со вбризгувања со енергија од 450 GeV по сноп.[10] По земската пауза за 2009 г, ГХС проработел повторно. Овој пат со засилување од 3,5 TeV по сноп,[11] половина од предвидената енергија,[12] која се планира по зимската пауза за 2012 г. На 30 март 2010 се извршени првите планирани судири помеѓу снопови од по 3,5 TeV, со тоа поставувајќи Нов Светски рекорд за највисокоенергетски вештачки судир на честички.[13]