Грбовен службеник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грбовен службеник или хералдички службеник — лице назначено од владетелот или државата со овластување да извршува една или повеќе од следниве функции:
- да раководи со и покренува хералдички работи
- да организира и учествува во свечени државни церемонии
- да води и толкува грбословни (хералдички) и родословни (генеалошки) записници.
По традиција овие грбовни службеници се делат на три ранга: грбовни кралеви, хералди и персеванти (следбеници). Службениците со постојана функција се нарекуваат редовни грбовни службеници, додека пак оние назначени привремено или понекогаш се нарекуваат вонредни грбовни службеници.
Средновековниот обичај да се назначуваат хералди или персеванти за потребите на едно благородничко семејство е сѐ уште честа практика во европските земји, особено во оние каде не постои официјален хералдички орган. Ваквата функција постои и во Шкотска, каде сѐ уште постојат четири приватни грбовни службеници. Овие функции се чисто советодавни.