Грб на претседателот на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грб на претседателот на Република Македонија — официјален грб на претседателот на државата. Грбот или амблемот е усвоен на 2 декември 2009 година, изработен по иницијатива на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од хералдичарите Стојанче Величковски, Петар Гајдов и хералдот Јован Јоновски од Македонското хералдичко здружение.[1]
Кратки факти Грб на претседателот на Македонија, Подробно ...
Грб на претседателот на Македонија | |
---|---|
Подробно | |
Усвоен | 2 декември 2009 |
Држачи | гранки на македонски даб |
Мото | Република Македонија Претседател |
Затвори
Грбот е составен од македонското знаме на штит. Под штитот со македонското знаме се наоѓа венец од македонски даб со по осум листови и осум желади.[2] Ова е првиот грб на претседателот на Македонија, до 2009 претседателот немал свој грб. Сепак, до денес, претседателот на Македонија нема свое знаме.