Грчка пропаганда во Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грчката пропаганда е разгранет систем за ширење на грчкото национално чувство, култура, јазик, идеја и влијание меѓу населението во Македонија. Оваа пропаганда е една од најстарата која делувала во Македонија, нејзиниот пробив започнува со укинувањето на Охридската архиепископија, а особено се засилува по појавата на Македонското прашање.