Гунар Асплунд
Шведски архитект / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерик Гунар Асплунд (22 септември 1885 , Стокхолм - 20 октомври 1940 , Стокхолм)[1] бил шведски архитект, истакнат претставник на нордискиот класицизам во периодот на 1920-тите, како и е еден од најголемите поборници за примена на модернистичкиот стил во Шведска.
Гунар Асплунд | |
---|---|
Роден(а) | 22 септември 1885 Стокхолм |
Починал(а) | 20 октомври 1940 Стокхолм |
Националност | Швеѓанец |
Зданија | Стокхолмшка јавна библиотека Скугсширкогорден Театар Скандија |
Меѓу најпознатите негови дела, секако се вбројуваат Стокхолмската библиотека, Театарот Скандија и Скугсширкогарден. Асплунд бил и професор по архитектура на Кралскиот институт по технологија од 1931 година. Неговата професорска дејност била одбележана и со лекција, којашто подоцна била издадена под насловот „Нашиот архитектонски концепт на просторот“.[2]
Денес Асплунд се смета за можеби најзначајниот современ шведски архитект, кој имал големо влијание на идните шведски и нордиски архитекти.[3]