Давид Ферер
шпански тенисер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Давид Ферер Ерн (каталонски изговор: [daˈvit feˈreɾ ˈɛɾn]; роден на 2 април 1982 во Хавеја, Аликанте) — шпански професионален тенисер кој живее во Валенсија, Шпанија, и кое е на 5-то место на АТП листата, како втор најдобро рангиран шпански тенисер зад 4-от Рафаел Надал. Тој почнал професионално да игра тенис во 2000 година.
Ферер на Австралиан Опен 2011 | |
Земја | Шпанија |
---|---|
Место на живеење | Валенсија, Шпанија |
Роден на | 2 април 1982(1982-04-02) (42 г.) |
Роден во | Хавеја, Аликанте, Шпанија |
Спорт | Тенис |
Висина | 1.74 м |
Професионалец | 2000 година |
Игра со | • десна рака • дворак бекхенд |
Заработка | $ 16,291,089 |
Победи-порази | 484–245 |
Титули | 18 |
Австралијан Опен | SF (2011) |
Ролан Гарос | SF (2012) |
Вимблдон | QF (2012) |
УС Опен | SF (2007, 2012) |
Други турнири | |
Мастерс куп | F (2007) |
Олимписки игри | 3R (2012) |
Победи-порази | 61–95 |
Титули | 2 |
Највисок пласман | 42 (24 октомври 2005) |
Австралијан Опен | 3R (2005) |
Ролан Гарос | 2R (2009) |
Вимблдон | 1R (2003, 2004, 2005, 2006, 2009) |
УС Опен | 2R (2004, 2006) |
Мастерс куп | Други турнири во двојки |
SF - 4th place (2012) | |
Ажурирано на: 20 септември 2012. |
Ферер е познат како специјалист на тврдите подлоги, и стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на САД 2007, Отвореното првенство на Австралија 2011 и Отвореното првенство на САД 2012. Тој исто така е успешен и на Земјините подлоги, играјќи во полуфиналето на Ролан Гарос 2012. Тој бил дел од шпанскиот Дејвис Куп тим кој победил во 2008, 2009 и 2011. Тој исто така бил финалист на Мастерс Купот во 2007.[1] Во ноември 2012, Ферер го освоил својот прв мастерс од серијата 1000, триумфирајќи на Мастерсот во Париз.[2]