Давид Шварц (воздухопловен пронаоѓач)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија се однесува на/за воздухопловниот пионер. За други употреби, погл. Дејвид Шварц.
Давид Шварц (унгарски: Schwarz Dávid; хрватски: David Švarc; 20 декември 1850 – 13 јануари 1897 година)[1][2] бил австроунгарски пионер во воздухопловството. Тој е познат по создавањето на воздушен брод со цврст надворешен слој направен целосно од метал.[2] Шварц починал само неколку месеци пред да лета со воздушниот брод. Некои извори[3] тврдат дека грофот Фердинанд Граф фон Цепелин го купил патентот за воздушен брод на Шварц од неговата вдовица, тврдење кое е оспорено.[4] Тој бил татко на оперската и оперетска сопранистка Вера Шварц (1888–1964).
Кратки факти Давид Шварц, Роден(а) ...
Давид Шварц | |
---|---|
Роден(а) | 20 декември 1850(1850-12-20) Кестхељ, Кралство Унгарија, Австриска Империја |
Починал(а) | 13 јануари 1897(1897-01-13) (возр. 46) Виена, Австроунгарија |
Националност | Унгарец |
Занимање | Пронаоѓач, стопанственик |
Сопружник | Мелание |
Деца | Вера Шварц |
Затвори