Дволомност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дволомност – оптичка особина на материјалите кои имаат показател на прекршување кој зависи од поларизацијата и насоката на простирање на светлината.[1] Таквите анизотропијаанизотропни материјали се нарекуваат „дволомци“ (двојно рефрактирачки материјали). Дволомноста често се квантифицира како максимална разлика меѓу индексите на прекршување пројавени од материјалот. Кристалите со некубична кристална структура се често дволомни, како и пластичните материјали под механичко напрегање.
Дволомноста е одговорна за појавата на двојно прекршување, кога светлински зрак паѓа на дволомен материјал поларизацијата го дели на два зрака со малку различни патеки. Тој ефект за првпат е опишан од данскиот научник Расмус Бартолин во 1669 година, кој го набљудувал[2] во калцит, кристал кој има еден од најголемите двојни прекршувања. Сепак, дури во XIX век Огистен Френел ја опишал појавата од гледна точка на поларизацијата, разбирајќи ја светлината како бран со компоненти на поле при попречна поларизација (нормална на насоката на брановиот вектор).