Дев Пател
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дев Пател (роден на 23 април 1990 г.)[1][2] — англиски глумец. Првата улога во кариерата тој ја добил во британската тинејџерска серија Скинс (2007–2008), иако претходно немал професионално филмско искуство. Неговиот пробив се случил во 2008 година со главната улога на Џамал Малик во филмот Милионер од гетото, за која бил номиниран за наградата која ја доделува здружението на филмски глумци за најдобар глумец во споредна улога и за награда БАФТА за најдобар глумец.
Дев Пател | |
---|---|
Дев Пател во 2016 година | |
Роден(а) | 23 април 1990(1990-04-23) (34 г.) Лондон, Англија |
Националност | Британец |
Занимање | Глумец |
Активен период | 2006–сè уште |
Пател глумел во успешната романтична комедија Најдобриот егзотичен Мариголд хотел (2012) и во нејзиното продолжение Вториот најдобар егзотичен Мариголд хотел (2015), во фантазијата Последниот владетел на ветровите (2010) и во научно-фантастичниот филм Чапи (2015). Во 2015 година, Пател го толкувал индискиот математичар Шриниваса Рамануџан во биографскиот филм Човекот кој ја познаваше бесконечноста, а следната година Сару Брирли во драмата Лав (2016). За Лав, тој добил номинации за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобар спореден глумец како и номинации за наградите кои ги доделуваат филмските критичари и здружението на филмски глумци.