Декларација за независност на Естонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Естонската декларација за независност, исто така позната како Манифест на народите на Естонија (естонски: Manifest Eestimaa rahvastele) — основачки акт на Република Естонија од 1918 година. Се прославува на 24 февруари, како национален ден или Денот на независноста на Естонија.
Декларацијата била изготвена од Комитетот за спас на Естонија, избран од старешините на Провинцискиот парламент на Естонија. Првично требало независноста да биде прогласена на 21 февруари 1918 година, но итото било одложено до вечерта на 23 февруари, кога бил објавен манифестот и јавно се прочитал во Перну. Наредниот ден, 24 февруари, манифестот бил отпечатен и дистрибуиран во главниот град Талин[1][2].