Дијапонтски острови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дијапонтските острови или островите Дијапонтија, познати и како Отонојски Острови се грчка островска група во Јонското Море. Тие се наоѓаат северозападно од Крф. Главните и единствените населени острови на архипелагот се Отони, Ереикуса и Матраки. Комплексот ги вклучува и островчињата и карпите Диакопо, Диапло, Карави, Кастрино, Лајпсо, Острако, Плака, Платеја и Трахеја.
Најголемиот остров е Отони, со површина од 10,8 км2 и е најнаселен со 457 жители според пописот од 2021 година. Островите се наоѓаат на најзападната точка од Грција и административно припаѓаат на регионалната единица Крф. Островите денес се мирно место за одмор.