Дождовна шума
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дождовните шуми се шуми што се одликуваат со обилни врнежи. Можат да бидат тропски или умерени. Заедничко на овие два типа им е што добиваат најмалку 1.750-2.000 мм дожд годишно. Тропските дождовни шуми се наоѓаат близу екваторот, а умерените дождовни шуми се на поголемо растојание северно или јужно од екваторот, како на пример Алјаска и Нов Зеланд.
Ова не е исто што и Прашума.
Ова не е исто што и Џунгла.
Земјиштето во дождовната шума е изолирано од сонцето. На ова (најниско) ниво нема многу растенија, што му дозволува на човек лесно да се движи во ваквите предели. Сите растенија во дождовните шуми се борат да се пробијат и да стигнат поблизу до врвот каде што се сончевите зраци.