Дон Џовани
опера од Моцарт / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дон Џовани (италијански:Don Giovanni; K. 527; полн наслов: Il dissoluto punito, ossia il Don Giovanni) е опера во два чина од Волфганг Амадеус Моцарт и италијанско либрето на Лоренцо да Понте. Операта се заснова на митовите од Тирсо де Молина за Дон Жуан, измислен женкар и заводник. Премиерно била изведена од Прашката италијанска опера во Националниот театар (на Бохемија), на 29 октомври 1787 година.[1] Иако понекогаш се класифицира како комика, во себе содржи комедија, мелодрама и натприродни елементи.
Кратки факти Дон Џовани, Изворно ...
Дон Џовани | |
---|---|
Опера од В. А. Моцарт | |
Слика Франциско Д'Андраде во главната улога, од Макс Слевогт, 1912 | |
Изворно | Don Giovanni |
Либрето | Лоренцо да Понте |
Јазик | Италијански |
Според | Легендите за Дон Жуан |
Премиерна изведба | |
Датум | 29 декември 1787 (1787-12-29) |
Место | Национален театар, Прага |
Затвори
Дон Џовани се смета за едно од врвните достигнувања на Моцарт и една од најдобрите опери на сите времиња.[2]