Драган Стојковиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Драган Стојковиќ (роден на 3 март 1965 година во Ниш), исто така познат по својот прекар Пикси, е српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер и репрезентативец на Југославија.
Драган Стојковиќ | |||
---|---|---|---|
Драган Стојковиќ, како тренер на Гванџу Р&Ф | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 3 март 1965(1965-03-03) (59 г.) | ||
Роден во | Ниш, СФРЈ | ||
Држава |
Југославија СР Југославија (1992-2003) Србија и Црна Гора (2003-2006) Србија (од 2006) | ||
Висина | &100000000000001750000001,75 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 2001 (36 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1981-1986 | Раднички Ниш | 91 | (8) |
1986-1990 | Црвена ѕвезда | 120 | (54) |
1990-1994 | Олимпик Марсеј | 29 | (5) |
1991-1992 | → Верона | 19 | (1) |
1994-2001 | Нагоја Грампус | 184 | (57) |
Репрезентација ‡ | |||
1983-1992 | Југославија | 41 | (9) |
1994-2001 | СР Југославија | 43 | (6) |
Раководител на екипите | |||
2008–2013 | Нагоја Грампус | ||
2015–2020 | Гвангжу Р&Ф | ||
2021– | Србија | ||
† Учества (Голови). |
Стојковиќ долго време бил капитен на репрезентацијата на СР Југославија и на екипата на Црвена Ѕвезда од Белград.[1] Се смета за еден од најдобрите фудбалери во Југословенската и Српската историја. Бил учесник на две Светски првенства, во Италија 1990 година и во Франција 1998 година. На Мундијалот во Италија, тој бил избран во најдобриот тим на првенството, таканаречениот Ол-стар тим. Осум години подоцна, тој бил капитен на СР Југославија на Светкото првенство во Франција, каде што неговата репрезентација била поразена од Холандија во осминафиналето.
Тој е еден од петте фудбалери на Црвена Ѕвезда, кој е награден со титулата Ѕвездина ѕвезда. Тој изјавил дека смета оти не го покажал целиот свој потенцијал во Европа[2] поради повредата која го спречила да се етаблира во Марсеј, тогаш еден од најсилните клубови во Европа. И покрај тоа, постои консензус меѓу критичарите дека тој ги покажал извонредните способности во текот на кариерата и покрај хроничните повреди, во најреномираната лига во Јапонија.[3][4]
По завршувањето на играчката кариера, Стојковиќ останал во Јапонија, каде ја започнал својата тренерска кариера во клубот за кој последно настапувал Нагоја Грампус. Тој го водел овој клуб до 2013 година, а потоа пет години бил тренер и на кинескиот клуб Гвангжу Р&Ф во периодот 2015-2020. На 3 март 2021, бил назначен за селектор на Србија.[5][6]