Европски радиодифузен сојуз
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европски радиодифузен сојуз (EBU) — конфедерација на 75 радиодифузини организации од 56 земји и уште 43 придружни членки од други 25 земји од светот. Таа не е поврзана со Европската Унија. Членки на ЕБУ се радио и тв компании , повеќето од нив се јавни радио дифузни сервиси, но во ЕБУ членуваат и приватните радио и телевизиски станици.
Државите со еден или повеќе членови се со зелена боја | |
Основана | 12 февруари 1950 |
---|---|
Вид | радиодифузен сојуз |
Седиште | Женева, Швајцарија |
Членство | 74 активни членки |
Службени јазици | англиски, француски |
претседател | Жан Пол Филипот[1] |
Мреж. место | http://www.ebu.ch/ |
Република Македонија е полноправна членка на ЕБУ од 1993 година.
Полноправни членки се од Исланд до Русија, вклучувајќи ги речиси сите европски земји. Придружните членки не се само од Европа и Медитеранот туку и од Канада, Јапонија, Мексико, Индија и Хонг- Конг. Меѓу придружните членки од САД се ABC, CBS, NBC, the Corporation for Public Broadcasting, Time Warner, and the only individual station, WFMT.
Полноправни се оние членки кои територијално припаѓаат на европскиот радиодифузен простор или се членки на Советот на Европа.
Најпозната активност на ЕБУ е организацијата на натпреварот за Песната на Евровизија Eurovision Song Contest. Право на учество на овој натпревар имаат земјите кои се полноправни членки на оваа организација. Агенцијата организира и натпревар на Млади танцувачи и некои други. Членките на ЕБУ соработуваат на изготвување на документарни и анимирани филмови за деца. Прв резултат на оваа соработка беше The Animals of Farthing Wood снимен во 1993 година. Радио соработката вклучува и настани за празници како што се Божикната музика и Euronotte и Through the night.
За професионалните радио дифузери ЕБУ обезбедува неколку специјализирани тренинзи преку EBU Training кој е основан 1999 година и досега со овој вид обука се опфатени повеќе од 5000 вработени од 30 земји. Повеќето од програмите се наменети само за редовните членки, но расте бројот на обуките во кои сè повеќе се вклучуваат и професионалците од радио дифузните организации кои не се членки .
Повеќето ЕБУ членки имаат групен договор да ги покриваат Олимписките игри Olympics и ФИФА Светскиот куп FIFA World Cup (посебно натпреварите на нивните земји и финалето Светскиот куп).Друг годишен настан кој го покрива ЕБУ е Виенскиот новогодишен концерт Vienna New Year's Concert.