Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2019
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2019 — 22. издание на европските првенства во фудбал за играчи под 21 година, фудбалско натпреварување кое се одржува на секои две години за репрезентациите за играчи под 21 година, организирано од страна на УЕФА.
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2019 Campionato europeo di calcio Under-21 2019 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | Италија Сан Марино |
градови | 6 |
стадиони | 6 |
Период на одржување | 16 јуни — 30 јуни 2019 |
Број на учесници | 12 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Шпанија (5. титула) |
Второ место | Германија |
Трето место | Романија Франција |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 214.637 (10.221 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 21 |
Дадено голови | 78 (3.71 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Лука Валдшмит (7 гола) |
Најдобар играч | Фабијан Руис |
← 2017 2021 → |
Завршниот турнир ќе биде одржан во Италија и Сан Марино од 16 до 30 јуни 2019 година, откако нивната понуда била избрана од страна на Извршниот комитет на УЕФА на 9 декември 2016 година во Нион, Швајцарија.[1] Играчи родени на или по 1 јануари 1994 година ќе можат да земат учество на турнирот.[2][3]
Како и на претходното издание ќе учествуваат вкупно 12 репрезентации, а исто така како и на претходните првенства до 21 година кои се одржувале година дена пред Олимпијадата, овој турнир ќе послужи и како европски квалификациски турнир за Олимписките игри 2020. Четирите најдобри екипи, односно полуфиналистите ќе се пласираат на Олимписките игри 2020 во Токио, Јапонија, каде ќе можат да настапат играчи на возраст до 23 години со максимум 3 повозрасни. За првпат на ова првенство бил користен video assistant referee (VAR) системот.[4]
Германија влегла како бранител на титулата од претходното издание во Полска 2017, каде во финалето ја победиле Шпанија со 1-0.
Европското првенство за играчи под 21 година 2019 било завршено на 30 јуни 2019 со финалето во Удине, кога Шпанија во реприза на финалето од пред две години и се реванширала на Германија победувајќи ја со 2-1 и стигнала до својата петта титула на ова натпреварување.[5]