Европско првенство во фудбал 2020
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во фудбал 2020 (УЕФА Евро 2020) — 16-то Европско фудбалско првенство, меѓународно европско фудбалско натпреварување кое се одржува еднаш на секој четири години во организација на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА).[1]
Европско првенство во фудбал 2020 Европско првенство во фудбал 2020 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | |
градови | 11 |
стадиони | 11 |
Период на одржување | 11 јуни — 11 јули 2021 |
Број на учесници | 24 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Италија |
Второ место | Англија |
Трето место | Шпанија Данска |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 1.099.278 (21.554 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 51 |
Дадено голови | 142 (2.78 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Кристијано Роналдо Патрик Шик (5 гола) |
Најдобар играч | Џанлујџи Донарума |
Најдобар млад играч | Педри |
← 2016 2024 → |
Турнирот, се одржал во 11 различни градови во 11 различни земји членки на УЕФА, а првично бил закажан да се одигра од 12 јуни до 12 јули 2020 година. Сепак, истиот бил одложен поради пандемијата на КОВИД-19 во Европа и презакажан за периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година. Натпреварувањето било одложен за да се намали притисокот врз јавните служби во земјите погодени од вирусот и да се овозможи завршување на домашните лиги кои биле суспендирани неколку месеци.[2] И покрај промената на календарската година на одигрување, турнирот сепак го задржал името „Европско првенство во фудбал 2020“ или „УЕФА Евро 2020“.[3]
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, во 2012 година изјавил дека турнирот требало да биде организиран од повеќе нации како „романтичен“ еднократен настан за прослава на 60-тиот „роденден“ на натпреварувањето - Европско првенство во фудбал.[4] Со поголем капацитет од кој било друг стадион пријавен како организатор на настанот, стадионот Вембли во Лондон треба да биде домаќин на полуфиналето и финалето по вторпат во својата историја, откако на него претходно било одиграно финалето на првенството во 1996, но на поранешна инкарнација на стадионот. Стадионот Олимпико во Рим, пак ќе биде домаќин на воведниот натпревар на турнирот, во кој ќе играат репрезентациите на Турција и еден од домаќините Италија.
Првенството го освоила Италија, која во финалето ја победила Англија по изведување пенали, откако во регуларниот дел и продолженијата натпреварот завршил нерешено 1-1.[5]