Евстахиева туба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евстахиева туба, слушна туба, аудитивната туба, фарингеален ушен канал (латински: tuba pharyngotympanica, tuba auditiva, tuba auditoria) — цевка која го поврзува голтникот со средното уво. Аналогно на звуководот или надворешниот ушен канал, тубата се состои од два дела, коскен и рскавичен. Низ неа поминува воздухот во пневматските шуплини на средното уво така што притисокот во нив е приближно ист како во надворешната средина, што е важно за нормално функционирање на преносниот систем. Името го добила по анатомот Бартоломеј Евстахиј (Bartholomaeus Eustachius 1520 - 1574), италијански професор по анатомија и истражувач, кој го одбележал 16 век, не само на италијанската туку и на светската медицина.
Кратки факти Евстахиева туба, Податоци ...
Евстахиева туба | |
---|---|
Надворешно и средно уво. Евстахиевата туба обележена како аудитивна туба. | |
Средното уво со аудитивната туба долу десно | |
Податоци | |
Претходник | прв фарингеален џеп |
Назнаки | |
Латински | Tuba auditiva, tuba auditivea, tuba auditoria |
TA | A15.3.02.073 |
FMA | FMA:9705 |
Затвори