Едвин ван дер Сар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Едвин ван дер Сар (29 октомври 1970 ) — поранешен холандски фудбалер, кој играл на позицијата голман.
Едвин ван дер Сар | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Едвин ван дер Сар | ||
Роден на | 29 октомври 1970(1970-10-29) (53 г.)[1] | ||
Роден во | Ворхаут, Холандија[2] | ||
Држава | Холандија | ||
Висина | &100000000000001990000001,99 м[3] | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | голман | ||
Сегашен клуб | Ајакс (извршен директор) | ||
Повлекување | 2016 (46 г.) | ||
Младинска кариера | |||
ВВ Нордвајк | |||
Ајакс | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1990-1999 | Ајакс | 226 | (1) |
1999-2001 | Јувентус | 66 | (0) |
2001-2005 | Фулам | 127 | (0) |
2005-2011 | Манчестер Јунајтед | 186 | (1) |
2016 | ВВ Нордвајк | 1 | (0) |
Репрезентација | |||
1995-2008 | Холандија | 130 | (0) |
|
Тој играл за Ајакс, Јувентус, Фулам, Манчестер Јунајтед и ВВ Нордвајк и се смета за еден од најдобрите голмани во модерниот фудбал. Во својата неверојатно богата кариера тој освоил 26 титули, вклучувајќи и двапати Лигата на шампионите во сезоната 1994-1995 со Ајакс и 13 години подоцна со Манчестер Јунајтед.
Со 130 настапи за холандската репрезентација, Ван дер Сар е втор по бројот на настапи за Орање; тој долго бил на чело на оваа листа сè до 2017 година кога Весли Снејдер го престигнал. Својата репрезентација тој ја претставувал на три Светски (Светското првенство 1994, Светското првенство 1998, Светското првенство 2006) и четири Европски првенства (1996, 2000, 2004 и 2008).