Ел Вискаино
биосферен резерват во Мексико / From Wikipedia, the free encyclopedia
Биосферниот резерват Ел Вискаино, создаден во 1988 година,[1] се наоѓа во општината Мулехе во северниот дел на Јужна Долна Калифорнија, во средината на полуостровот Долна Калифорнија помеѓу Тихиот Океан и Калифорнискиот Залив. Со површина од над 24.930 квадратни километри,[2] тој е најголемото засолниште за диви животни во Мексико и се граничи на северниот раб на заштитената област на флора и фауна Ваље де лос Сириос.
Кратки факти Биосферен резерват Ел Вискаино, Место ...
Биосферен резерват Ел Вискаино | |
---|---|
МСЗП — Категорија VI (заштитено подрачје под раководство со ресурси) | |
Место | Јужна Долна Калифорнија, Мексико |
Најблизок град | Санта Росалија |
Координати | 27°47′32″N 114°13′40″W |
Воспоставен(а) | 1988 |
Службен назив: Китовски резерват Ел Вискаино | |
Тип: | Природен |
Критериуми: | x |
Прогласено: | 1993 (17. сесија) |
Број | 554 |
Држава: | Мексико |
Регион: | Латинска Америка и Карибите |
Затвори