Емден
најголем град во Источна Фризија, Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Емден (германски: Emden) — град и пристаниште во северозападниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот претставува најголем град во областа Источна Фризија. Се наоѓа на устието на реката Емс на северниот брег на заливот Доларт. Со 49.874 жители (2020 г.), Емден е најмал од безокружните градови во сојузната покраина, наоѓајќи се на 21. место на градовите во Долна Саксонија и по Вилхелмсхафен втор најголем град на долносаксонскиот брег.
Кратки факти Земја, Местоположба на градот Емден во рамките на округот безокружен ...
Емден
Emden | ||
Градскиот дом на ракав од пристаништето | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | безокружен | |
Надградоначалник | Тим Крујтхоф (независен) | |
Основни податоци | ||
Површина | 112,33 км2 | |
Надм. височина | 1 м | |
Население | 49.874 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 444 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | EMD | |
Пошт. бр. | 26721, 26723, 26725 | |
Повик. бр. | 04921, 04927 (Кнок) | |
Портал | emden.de | |
Местоположба на градот Емден во рамките на округот безокружен | ||
Координати | 53°22′1″N 7°12′22″E |
Затвори
Градот бил основан во 800 година како фризиско трговско место и до денес се развил како важно пристаниште и индустриско место. Во XVI век, покрај Женева и Витенберг, Емден претставува еден од најзначајните градови на Реформацијата.