Еневетак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Еневетак или Ениветок (маршалски: Ānewetak или Āne-wātak[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 40 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и сочинува една од општините во државата. Атолот има површина од 5.85 км2 и во средината има длабока лагуна. Атолот се наоѓа 305 км западно од Бикини. Според податоците од 1998 година на атолот живееле 853 жители. Американците на атолот извршувале јадрени тестирања во 1950-те.
Кратки факти Географија, Место ...
Карта на Еневетак | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 11°30′N 162°20′E |
Архипелаг | Ралички Острови |
Вкупно острови | 40 |
Површина | 5,85 км2 |
Управување | |
Демографија | |
Население | 853 (1998) |
Етнички групи | Маршалци |
Затвори