Ернани (драма)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ернани (целосен наслов: Hernani, ou l'Honneur Castillan ) е драма во римувани александрини од францускиот писател Виктор Иго.
Публиката се тепа меѓу себе на премиерата | |
Автор | Виктор Иго |
---|---|
Изворен наслов | Hernani ou l'Honneur Castillan |
Земја | Франција |
Јазик | Француски |
Жанр | Драма |
Издадена | 1830 |
Ернани, е град во Јужна Баскија, каде што мајката на Иго со своите три деца застанала по патот кон местото на живеење на Генералот Хуго.[1]
Претставата е премиерно изведена на 25 февруари 1830 г. од Комеди Франсез во Париз.[2] Денес, повеќе се памети по демонстрациите по првата изведба и по тоа што е инспирација за операта „Ернани“ од Џузепе Верди, отколку по сопствените заслуги. На Иго му помогнале колегите романтичари како Хектор Берлиоз и Теофил Готје[3] во борбата против противењето на класичарите кои во драмата увиделе директен напад на нивните вредности.
Ернани е искористена за да се опише на величината и елегантноста на маскарадата од принцот Просперо во расказот на Едгар Алан По „Маската на црвената смрт“. Жилнорман во „Клетници“ го критикува Ернани.[4]
Операта од Верди „Ернани“, со италијанско либрето од Франческо Мариа Пиаве, е заснована на оваа драма, а премиерно е изведена во Венеција во 1844 година.