Е3 Харелбеке 2016
издание во 2016 година на велосипедската трка Е3 Харелбеке / From Wikipedia, the free encyclopedia
Е3 Харелбеке 2016 (службено Рекорд Банк Е3 Харелбеке) — 59. издание на белгиската велосипедска класична трка Е3 Харелбеке. Се одржала на 25 март 2016 година и претставувала шеста трка и втора еднодневна трка во сезоната на Светската турнеја.[1]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 59. Е3 Саксо Банк Класик | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2016 1.UWT | ||
Датум | 25 март 2016 | ||
Растојание | 206,4 км | ||
Држава | Белгија | ||
Поаѓалиште | Харелбеке | ||
Одредиште | Харелбеке | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 197 | ||
Возачи на крај | 106 | ||
Просечна брзина | 42,767 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Михал Квјатковски (Тим Скај) | ||
Второпласиран | Петер Саган (Тинкоф) | ||
Третопласиран | Ијан Станард (Тим Скај) | ||
◀2015 | 2017▶ | ||
Документација |
Трката започнала и завршила во Харелбеке, поминувајќи растојание од 206,4 км.[2] Нејзино средиште биле ридовите низ фламанските Ардени, главно сместени во втората половина на трката. Главни фаворити за победа биле Петер Саган (Тинкоф) и Фабијан Канчелара (Трек-Сегафредо).
Трката била освоена од Михал Квјатковски (Тим Скај) кој го претекнал Петер Саган (Тинкоф) по 30-километарско бегство од мала група на фаворити. Еден од нив бил Фабијан Канчелара (Трек-Сегафредо) кој бил забавен од механички проблеми, но успеал да се врати назад.[3] На крајот, Полјацот бил подобар во завршниот спринт и ја однел првата победа по Амстел Голд Рејс 2015. Ијан Станард бил најбрзиот во групата, завршувајќи единаесет секунди зад колегата.