Жан Пол Мара
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан-Пол Мара (24 мај 1743 - 13 јули 1793 ), бил медицински доктор, физичар, истражувачки научник за топлина, светлина и електрицитет, политички теоретичар, книжевник и полиглот, а најдобро познат по својата кариера во Франција како радикален новинар и политичар за време на Француската буржоаска револуција. Неговото новинарство се прочуло по својот гневен тон, бескомпромисен став кон новите водачи и институции на револуцијата, и застапување на основни човекови права за најсиромашните членови на општеството.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Жан-Пол Мара | |
---|---|
Жан-Пол Мара од Анри Греведон, 1824 | |
Делегат во националниот конвент | |
На должноста 20 септември 1792 – 24 април 1793 | |
Изборна единица | Париз |
Лични податоци | |
Роден(а) | 24 мај 1743(1743-05-24) Будри, Нешател, Прусија (сега дел од Швајцарија) |
Починал(а) | 13 јули 1793(1793-07-13) Париз, Франција |
Партија | Јакобински клуб (1789–1790) Кордељерски клуб (1790–1793) |
Сопружник | Симон Еврар |
Родители | Џана Мара Лујз Каброљ |
Установа | Универзитет Сејнт Ендрјус, MD |
Занимање | Новинар, политичар, револуционер, физичар, научник, медицинар, книжевник, полиглот |
Потпис |
Мара бил еден од најрадикалните гласови на Француската револуција. Тој станал енергичен бранител на санкилотите, објавувајќи ги своите ставови во памфлети, плакати и весници, посебно неговиот L’Ami du Peuple (Пријател на Народот), што помогнало да го направи неофицијална врска со радикалната, републиканска јакобинска група којашто дошла на власт после јуни 1793.
Мара бил убиен од Шарлот Кордеј, симпатизерка на ројалистите, додека ја практикувал својата медицинска бања поради неговата влошена кожна состојба. После својата смрт, Мара станал икона за јакобинците како револуционерен мартир, како што и е портретиран во славната уметничка слика на Жак-Луј Давид, Смртта на Мара.