Западна мода во 1900-тите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Модата во периодот 1900–1909 година во западниот свет ги продолжил сериозните, долги и елегантни линии од доцните 1890-ти. Високите, цврсти јаки го карактеризираат периодот, како и широките капи на жените и фризурите „Гибсон девојка“. Нова, колонообразна силуета воведена од страна на модните творци во Париз кон крајот на оваа декада сигнализирале за напуштање на корсетот како неопходна облека.
Периодот од 1895 до 1914 година е познат како Бел Епок (француски: La Belle Époque - убавата ера), додека пак во Обединетото Кралство завршил Викторијанскиот период и започнал Едвардијанскиот период. Тоа е период на убава елегантна облека и луксузен животен стил, која сепак била привилегија само за малкумина - најбогатите. Богатите сè уште организирале приеми и балови, играле коцка и разни спортови. Ова е време на појава на телефонот, првите авионски летови, немиот филм и првите автомобили, време на синдикалното движење и женска борба за социјална правда.