Заспаната убавица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Заспаната убавица (француски: La belle au bois dormant, „Убавицата заспана во шумата“) или Трнорушка е класична бајка за една убава принцеза по име Аурора, една маѓепсница и еден згоден принц. Ова е првата бајка од збирката на Шарл Перо, Contes de ma Mére l'Oye („Бајките на мајката гуска“), објавена во 1697 година.
Анимираниот филм на Волт Дизни од 1959 година за Заспаната убавица е најпознат за луѓето од земјите со англиско говорно подрачје, а црпи инспирација од балетот на Чајковски (премиера во Санкт Петербург во 1890 г.) исто колку и од Перо.
Развиена е генетска верзија на Заспаната убавица во областа на молекуларната генетика и хумано-генетичката терапија - Транспозонски систем Заспана убавица. Овој генетски елемент бил „разбуден“ од еволутивно спиење што траело подолго од 10 милиони години.
- Оваа статија ја разработува бајката. За други потреби, посетете ја Заспаната убавица (разјаснување).