Змија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Змија (науч. Serpentes) — безножно животно со долго, свитливо тело прекриено со лушпи кои се ќерамидесто наредени на него. Змиите спаѓаат во групата на влекачите. Се мисли дека змиите еволуирале од гуштерите, со кои делат многу заеднички одлики, а особено со т.н. безножни гуштери, кои имаат ситни и речиси незабележливи екстремитети. Но, за разлика од гуштерите, змиите имаат тенок расечен јазик, а кај нив отсуствува надворешно уво. Исто така, додека повеќето од гуштерите имаат подвижни очни капачиња кои периодично се затвораат за да ги заштитат и подмачкаат очите, змиите секогаш ги држат отворени своите очи кои се заштитени со мигателна ципа (неподвижна, проѕирна лушпа).
Змии Период: рана креда – денес, | |
---|---|
Крајбрежна подвезичарка (Thamnophis elegans terrestris) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Натсемејство: | Варановидни |
(нерангирано): | Питонолики |
Подред: | Змии Linnaeus, 1758 |
Подгрупи | |
| |
Распространетост на змиите во светот |
Како и сите влекачи, змиите се ладнокрвни (ектотермни), што значи дека не можат да произведат своја телесна топлина. Затоа, тие зависат од Сонцето за да ја регулираат телесната температура. Бидејќи метаболизмот не игра улога при терморегулацијата, овие животни можат да преживеат со многу сиромашна исхрана. Некои чекаат со месеци помеѓу последователните оброци, а неколку видови можат да преживеат јадејќи само еднаш или двапати во годината. Кога јадат, змиите целосно го голтаат пленот и не го разгризуваат. Многу змии поседуваат специјализирани вилици со кои можат да проголтаат животни кои се многу поголеми од нивните глави на тој начин што долната вилица има способност да се раздели и да го зголеми усниот отвор и повторно да се склопи. Набљудувањата извршени на африканскиот карпест питон укажуваат на тоа дека овој вид на змија може да изеде животни големи колку антилопа или помала крава.
Со преку 2500 опишани видови што припаѓаат на повеќе од 10 фамилии, змиите се голема и успешна група. Успехот во опстанокот се должи на нивната прилагодливост, што се огледува во тоа што змиите живеат во живеалишта како подземни дупки, врвовите на крошните од дрвата, како и во океанските длабочини до 150 м. Најдени се на секој континент, освен на Антарктикот. Места без змии во светот се и изолираните острови, како Ирска и Нов Зеланд.
Тропска змија глувчар е водена змија и е застапена во Филипините. Оваа врста на змија живее околу 15 години. Оваа змија исто како и волчјата змија припаѓа во родот на Колубридае.
Волчја змија е водена змија и припаѓа во родот на Колубридае, а застапена е во тропските шуми на Филипините. Долга е 2 метри и создава многу силен и непријатен мирис којшто се лачи во аналните жлезди.
Источна кафеава змија е застапена во Индонезија, Австралија и Нова Гвинеја. Долга е 2,5 метри и е застапена во пустинските предели. Оваа змија е отровна змија и веројатноста за смрт на човек при каснување од оваа змија е 60 проценти. Оваа змија има светлокафеава боја.
Црно - бела морска змија е најотровната водна змија во светот која што е застапена во деловите на Индо - Тихиот Океан. Долга е 2 метри и наречена е црно - бела, поради тоа што има шари на црна и бела боја. Краевите на устата имаат нијанси на жолтеникава боја. Кога лови е во вода, а кога се одмара или спие е на копно.
Источна зелена мамба е врста на отровна змија која што е застапена во тропските шуми на Амазонија . Долга е 2 метри , тенка е и има светлозелена боја и бојата на змијата е слична како на листот на дрвото . Па , затоа е тешко да се распознае оваа змија . Источната зелена мамба се обвиткани на гранките на дрвјата .
Бумсланг се змии и се релативно срамежливи и генерално не напаѓаат луѓе, кога го прават тоа, работите може да станат буквално хаотични. Нивниот отров е хемотоксин кој оневозможува згрутчување на крвта. Со други зборови, жртвите умираат полека, како да крварат од секоја пора.
Слепа змија е водна змија која што е застапена во водените предели на Андите . Долги се од 10 до 15 сантиметри . Оваа змија е премногу тенка и некој ја викаат дека е црв , а всушност тоа е змија . Оваа врста на змија има многу мали очи , нема заби , не каса и не содржи отров .