Знаме на Албанија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Националното знаме на Албанија е црвено знаме со црн двоглав орел во центарот. Тоа е единственото црвено-црно знаме од сите меѓународно признати држави. Се тврди дека потекнува од сличен грб што го користел Ѓорѓија Кастриот - Скендербег. Денешното албанско знаме било усвоено на 7 април 1992 година, а додека претходните знамиња на социјалистичка Албанија и Кралство Албанија биле сосема слично со мали детали што биле додавани.[1]
Кратки факти Употреба, Сразмер ...
Употреба | државно знаме |
---|---|
Сразмер | 5:7 |
Усвоено | 7 април 1992 |
Опис | силуета на црн двоглав орел на црвена позадина. |
Варијанта на знамето на Албанија | |
Употреба | пловно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Опис | Хоризонтални три ленти во црвена, црна и црвена боја. |
Варијанта на знамето на Албанија | |
Употреба | морнаричко знаме |
Сразмер | 2:3 |
Опис | Двоглав орел на бела позадина со црвена лента на дното. |
Затвори