Зулејха Сеидмамадова
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зулејха Сеидмамадова (азерски: Züleyxa Seyidməmmədova; 22 март 1919 – 1999 година) била една од првите азербејџански женски пилоти и првата жена воен пилот на Азербејџан.[1]
Кратки факти Зулејха Сеидмамадова, Изворно име ...
Зулејха Сеидмамадова | |
---|---|
Зулејха Сеидмамадова | |
Изворно име | Züleyxa Seyidməmmədova |
Роден | 22 март 1919 Баку, ДР Азербејџан |
Починал | 1999 Баку, Азербејџан |
Држава | Предлошка:Советски Сојуз |
Род | Советски воздушни сили |
Служба | 1941 — 1945 |
Чин | Капетан |
Единица | 586-ти Воен воздушен полк |
Битки/војни | Источен фронт во Втората светска војна
|
Одликувања | Орден на Ленин Орден на Црвеното знаме на трудот (2) Орден на Патриотската војна 2 класа Орден на Црвената ѕвезда Орден на Значка на честа (2) |
Затвори
Сеидмамадова е родена во Баку на 22 март 1919 година.[2] Таа добила дозвола за пилот во 1935 година, во авијатичарски клуб во нејзиниот роден град, а подоцна и на воздухопловна академија во Жуковски во близина на Москва. Таа била воен пилот во 586-тиот воен воздушен полк, еден од трите женски военовоздухопловен полкови основани од страна на Марина Раскова. Во текот на војната, таа се борела во над 40 воздушни битки и извела над 500 мисии со нејзиниот Јак-9.[3]
Сеидмамедова починала во Баку во 1999 година.