Иван Тричковски
македонски фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Иван Тричковски (роден 18 април 1987) — македонски фудбалер, напаѓач на АЕК Ларнака и на македонската репрезентација.
Иван Тричковски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Иван Тричковски | ||
Роден на | 18 април 1987(1987-04-18) (36 г.) | ||
Роден во | Скопје, СФРЈ | ||
Држава | Македонија | ||
Висина | &100000000000001820000001,82 м | ||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | АЕК Ларнака | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Вардар | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2004-2006 | Вардар | 32 | (6) |
2006-2007 | Работнички | 26 | (14) |
2007-2010 | Црвена ѕвезда | 25 | (3) |
2009-2010 | → Еносис Паралимни | 29 | (8) |
2010-2012 | АПОЕЛ | 51 | (17) |
2012-2014 | Клуб Бриж | 19 | (1) |
2013-2014 | → Васланд-Беверен | 33 | (5) |
2014-2015 | Ал Наср | 12 | (3) |
2015-2016 | Легија Варшава | 11 | (1) |
2016– | АЕК Ларнака | 167 | (97) |
Репрезентација ‡ | |||
2003-???? | Македонија 17 | 3 | (2) |
2004-2006 | Македонија 19 | 6 | (3) |
2006-2008 | Македонија 21 | 9 | (1) |
2010-2021 | Македонија | 67 | (7) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011 |
Бил прогласен за најдобар фудбалер во македонското првенство за 2007 година и најдобар македонски фудбалер во странство за 2011 година, додека настапувал за кипарскиот клуб АПОЕЛ. Тој е активен репрезентативец на Македонија и моментално се наоѓа на осмотто место по бројот на настапи за репрезентацијата со 67 одиграни натпревари.
Тричковски ја претставувал Македонија во младите репрезентации под 17, под 19 и под 21 година. Дебитирал за сениорската репрезентација во 2010 година, во натпревар против Азербејџан, во кој исто така го постигнал и својот прв гол во црвено-жолтиот дрес. Со македонската репрезентација, учествувал на Европското првенство 2020.